Пред вечерашниот мега натпревар помеѓу Милан и Интер, италијанскиот репрезентативец Федерико Димарко изјави дека играчите ќе играат со глава и ќе го остават срцето на терен.
„Како и сите дерби натпревари и вечерашниот ќе биде одличен. Мислам дека Милан минаа две тешки рунди против Тотенхем и Наполи. Ќе се потрудиме и дадеме се од себе и ќе го оставиме срцето на терен. Не би сакал да зборам за одмазда бидејќи тие натпревари се случија во далечната 2004/05 сезона. Јас бев на „Сан Сиро“ тогаш и кога ќе размислам дека по 20 години сега ќе играм на овој натпревар, чувството е прекрасно. Сепак мораме да бидеме подготвени и да оствариме добар резултат“, изјави Димарко.
Дербито Милан – Интер, ќе се одигра првпат во Лигата на шампионите, по 18 години, кога Милан победи на двата натпревари.
Вечерва не очекува непредвидлив натпревар помеѓу две одлични екипи кој ќе играат на добро познатиот „Сан Сиро“ вечерва во 21 часот.