Нов голем успех на нашата таеквондистка Милјана Рељиќ. Со три извонредни победи освои бронзен медал на Европското Клупско Првенство во Софија.
Во 1.коло Мила беше поуспешна во рунди 2:1 против Ива Петровиќ (Србија), а во второто од Латвијка, Инес Тарвида со 2:1 во рунди.
Првата рунда Мила ја изгуби но, следните две беше подобра и шампионскиот дух на Мила излезе на виделина и ја победи извонредната Инес.
Во борбата за медал Мила беше поуспешна од Хрватката, Хелена Кичема во 2:0 во рунди. Хелена е актуелна европска вицешампионка до 21г. Инаку и претходно во јуни месец 2023 во Загреб ја имаше Мила победено Хелена.
Во полуфиналето Милјана изгуби од Јоланта Тарвида (сестра на Инес Тарвида).
Со овој медал Мила ветува и силно чекори кон медал на претстојното Светско првенство во Баку, Азербејџан на почеток на јуни и Европските Олимписки Игри кон крај на јуни во Краков, Полска.
На минатите Европски Игри, Македонија немаше медал од ниеден спорт, сега ветуваме дека ќе освоиме медал.