Екипата на Минесота со неверојатен „кам-бек“ славеше победа со 114-108 во дуелот со Денвер по дополнителните пет минути.
Иако кандидатот на МВП, Никола Јокиќ имаше фантастична партија со 43 поени и 11 скокови, тоа не беше доволно неговата екипа да стигне до победа.
Денвер имаше и 12 поени предност во финишот на регуларниот дел, до Минесота со серија 12-0 успеа да го израни резултатот и да се избори за продолжение по кое излезе како победник и стигна до третата победа, па сега „Тимбервулфс“ и да ги остави во игра, намалувајќи ја предноста на „Нагедски“ на 1:3 во победи.
Предност од 3:1 во победи има и тимот на Бостон во дуелите со Атланта.
„Селтикси“ на гостински терен беа подобри од „Хокси“ со 129-121 па сега тимот на Бостон е на една победа од пласман во конференциското полуфинале.
Џејлен Браун и Џејсон Тејтјум со по 31 постигнат поен го предводеа Бостон до овој триумф, додека во поразената екипа, а воедно и на натпреварот најистакнат играч беше Тре ЈАнг кој оствари дабл-дабл со 35 поени и 15 скокови.