Манчестер Сити брани големи 3:0 од „Етихад” во Минхен, па според тоа знаеме дека во среда не очекува голем натпревар против Баерн за пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола работеше три години во Минхен, знае како функционира германскиот џин и затоа пред реваншот од четврт-финалето тврди дека ништо не е готово за „граѓаните”.

„Баерн ќе игра над своите можности. Ќе играат како да е финале во Лигата на шампионите. Знам што зборувам, Баерн е врвен клуб. Ако бидеме пасивни, ќе настрадаме. Дуелите на средина на теренот ќе се најважни“, изјави Гвардиола.

Пеп го искористи и моментот за да ја коментира пресметката меѓу играчите на Баерн Садио Мане и Лерој Сане во соблекувалната по натпреварот во Манчестер.

„За инцидентот во соблекувалната на Баерн, некогаш можеби е потребен конфликт за да се подобрат односите. Тоа не мора да е негативно дело, туку предност во споредба со нас, прилично сум сигурен. Совршено го познавам овој клуб”, изјави Шпанецот.

Викендов Манчестер Сити на домашен терен го победи Лестер со 3:1 во Премиер лигата и ја продолжи трката за 1-та позиција. додека Баерн на домашен терен не успеа да го совлада Хофенхајм играјќи само 1:1.

Дали сити ќе ја потврди одличната форма или Баерн ќе се надмине, како што вели Гвардиола, останува да видиме по вечерашниот натпревар во Минхен што започнува од 21 часот.

Андреј Вељаноски