Андреј Рубљев е првиот финалист на Мастер тенискиот турнир што се игра во Монте Карло.
Во првиот полуфинален меч од денешната програма што се оддолжува поради честите врнежи од дожд, Русинот кој е шести на АТП листата, по три одиграни сета го победи 10-то рангираниот Тејлор Фриц.
Иако Американецот го доби првиот сет со 7-5, сепак во вториот Рубљев одигра фантастично па на противникот му препушти само еден гел (6-1), Во третиот сет при водство на Русинот од 3-2 мечот беше во прекин повеќе од еден час, но тоа не му помогна на Фриц, па Рубљев го доби и тој сет со 6-2, за со конечни 2:1 во сетови да обезбеди пласман во финалето.
Во него тој ќе игра со подобриот од мечот меѓу (8) Јан Синер (8) и Холгер Руне кој исто така е во прекин. Италијанскиот тенисер го доби првиот сет 6-1, а во вториот Данецот, Руне води со 3-0 во гемови.
Засега времето не им е наклонето на тенисерите, па голема е веројатноста дека продолжението на овој меч ќе биде утре, што ќе создаде дополнителен проблем за организаторот, бидејќи за утре на програмата е закажано финалето.