Македонија ќе биде претставувана од десетмина борачи на претстојното 74-тото Европско првенство за сениори, што ќе се одржува во Загреб, кое започнува во недела (17), а ќе трае до 23 април.

Две дами и осуммина во машка конкуренција ќе ги ранат боите на Македонија.

Најмногу разбирливо ќе очекуваме од веќе етаблираните носители на медали, Владимир Егоров и Могамедгаџи Нуров, а во конкуренција да се замеша за медал шанси има и Реџеп Хајдари.

Потсетување дека на претходното ЕП одржано лани во Будимпешта, златен медал освои Егоров во категоријата до 57 килограми.

Македонската репрезентација на ЕП во борење ја сочинуваат:

Жени
50 кг Вероника Рјабоволова
53 кг Марија Спирковска
Мажи
57кг Бесир Алили
61кг Владимир Егоров
70кг Фати Вејсели
74кг Расул Шапиев
79 кг Ахмад Магомедов
86кг Дејан Митров
92кг Реџеп Хајдари
97кг Могамедгаџи Нуров