Екипите на Мајами и Минесота се последните што обезбедија пласман во плеј-офот на НБА лигата.

Во натпреварите од плеј-инот Мајами беше подобар од Чикаго, а Минесота од Оклахома, па овие два тима како осмопласирани во своите конференции закажаа дуели со прво рангираните тимови Милвоки и Денвер.

Тимот на Мајами пред своите симпатизери го совлада Чикаго со 102-91. Џими Батлер и Макс Струс постигнаа по 31 поен за „Хитси“, а кај гостите Дероизен средбата ја заврши со 26 поени и 9 скокови, но немаше поддршка од останатите па „Булси„ ја завршија сезоната.

Во Западната конференција. Карл Ентини Атунд заедно со Руди Гоберт беа најзаслужните за убедливата победа на Минесота во дуелот со 120-95.

Двајцата натпреварот го завршија со дабл-дабл и тоа Тaунс на 28 поени придодаде 11 скокови, а Гоберт кој се врати на теренот по клупската суспензија, заработена за тепачката со соиграч, постигна 21 поени, а имаше и 10 скокови.

Минесота како осмо рангиран тим во првото коло од плејофот ќе игра против Денвер.

Со овие два натпревари заврши доигрувањето за плеј-офот кој стурува вечерва со првите четвртфинални средби по конференциите.

Од 19 часот започнува дуелот Филаделфија – Бруклин, а во 21:30 ќе стартува натпреварот меѓу Бостон и Атланта. Точно на полноќ, закажан е мечот меѓу Кливленд и Њу Јорк, а во 02:30 ноќеска  ќе се игра првиот меч меѓу Сакраменто и актуелниот шампион Голден Стејт.

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ОФ
1 ДЕНВЕР – 8 МИНЕСОТА
4 ФЕНИКС – 5 ЛА КЛИПЕРС
3 САКРАМЕНТО – 6 ГОЛДЕН СТЕЈТ
2 МЕМФИС – 7 ЛА Лејкерс
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ОФ
1 МИЛВОКИ           – 8 МАЈАМИ
4  КЛИВЛЕНД        – 5  ЊУЈОРК
3  ФИЛАДЕЛФИЈА – 6  БРУКЛИН
2  БОСТОН             – 7 АТЛАНТА
*** СЕ ИГРА ВО ЧЕТИРИ (4) ДОБИЕНИ НАТПРЕВАРИ