Битката за осумте најдобри продолжува
По вчерашните дуели по кои Бенфика и Челзи се пласираа во четврт-финалето, вечерва нé очекуваат две нови пресметки за место меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.
Во Минхен германскиот гигант Баерн ќе го пречека ПСЖ, меч во кој францускиот првак влегува со негатива од еден гол од претходниот натпревар кој се играше во Париз а заврши 1-0 за Баварците.
Според изјавите на двата тренери, Нагелсман и Голтие, нé очекува одличен натпревар каде што ќе се игра офанзивен фудбал помеѓу екипи кој се полни со таленти и голема желба за пласман.
Фудбалските фанови со нетрпение го чекаат натпреварот на „Алијанц Арена“ што ќе започне од 21 часот.
Во истиот термин во Лондон Тотенхем го пречекува Милан.
Првиот натпревар заврши со минимална победа (1-0) за Милан со голот на Брахим Диазѝ
Двете екипи имаа пораз во неделата во нивните лиги, но сепак ова е Лигата на Шампионите така што не може да се предвиди победникот.
Милан ја има предноста на мечот, но Тотенхем поддршката од домашните навивачи кој ќе се потрудат да им отежнат работата на „росоњерите“ на вечерашната средба на „Вајт Харт Лејн“.