На Европски зимски младински олимписки фестивал што се одржува, во регионот Фриули Венеција Џулија, денеска свој настап ќе има Милена Милојевиќ.
Нашата претставничка во уметничко лизгање ќе го има својот краток програм, во терминот од 15:30 часот
Инаку на овој олимписки фестивал на кој се застапени 14 зимски спортови, се натпреваруваат спортисти на возраст од 14 до 18 години.
Покрај Милена Милојевиќ, нашата земја ќе ја претставуваат и Јана Атанасовска во алпско скијање, Благоја Најденоски во крос-кантри и Давид Торевски во биатлон.
Денешниот настап на Милена Милојевиќ може да го ГЛЕТАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.