Силекс ја оправда фаворитската улога против AП Брера и запиша висока и убедлива победа со 4-0. Во тековната сезона за Силекс ова е 16-та победа, а четврта во низа. На овие последни четири меч кратовци имаат гол разлика 14-0.

Силекс доминираше ја контролираше играта. Веќе во 19.минута домапниот тим поведе со голот на Бутуровиќ. До крајот на првото полувреме шанси за Силекс имааше и Пиреше, но остана резултатот не променет.

Второто полувреме започнаа со гол на Силекс по само три минути игра кога Додев зголеми на 2-0. Единствениот опасен напад АП Брера го имаше во 54.минута преку Дошев кој биеше за малку непрецизно. Пет минути подоцна Алиќ по асистенција на Мишов зголеми на 3-0. Во 62.минута Алиќ ќе ја погоди стативата по обидот со глава, а Пиреш имаше шанса во 64-тата. Затоа, Португалецот беше не погрешив во 69.минута кога ги постави конечните 4-0. Силекс имаше можност и за петти гол, но обидот на Ангелески заврши во пречката на гостинскиот гол.

Кратовци ја напаѓа третата позиција на табелата, а АП Брера ќе се бори за опстанок.

Попладнево се игра и натпреварот во Кавадарци, каде Тиквеш го пречекува шампионот Шкендија.

ПРВА ЛИГА – 28 КОЛО

петок – 17 април
СИЛЕКС – АП БРЕРА 4 – 0
15.00 ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
сабота – 18 април
13.00 ШКУПИ – ВАРДАР
15.00 ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП
недела – 19 април
13.00 РАБОТНИЧКИ – АРСИМИ
15.00 БАШКИМИ – СТРУГА Т.Л.

Standings provided by Sofascore