Со натпреварите во Кратово и Кавадарци ќе се играат попладнево ќе почне 28.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во првиот натпревар што ќе почне од 13 часот, Силекс ја пречекува струмичка АП Бреара. Кратовци иако се четврти на табелата, сепак, се далеку од борба за позициите што водат на европската сцена. Затоа пак струмичани се во опасната зона, засега на позициите што водат во баражот за опстанок. Со евентуална победа АП Брера би „скокнала“ на сигурното 7.место каде сега е Арсими со два бода повеќе.
Вториот натпревар што ќе почне од 15 часот, а ќе се игра во Кавадарци, е многу поважен. Особено тоа важи за гостинскиот тим на Шкендија. Актуелниот шампион е втор на табелата со бод помалку од лидерот Вардар кој во ова коло веќе ги испланира и „впиша“ трите бода. Имено вардарци утре ќе играат против отпишаниот Шкупи кој сезонава има само еден нерешен резултат и дири 27 порази.
ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА – 28 КОЛО
петок – 17 април
13.00 СИЛЕКС – АП БРЕРА
15.00 ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
сабота – 18 април
13.00 ШКУПИ – ВАРДАР
15.00 ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП
недела – 19 април
13.00 РАБОТНИЧКИ – АРСИМИ
15.00 БАШКИМИ – СТРУГА Т.Л.





































