Македонскиот фудбалски првак тетовска Шкендија, ги дозна противниците за нокаут фазата во Конференциската лига.

Ждрепката одржана попладнево во седиштето на УЕФА во Нион, на тетовци за противник во 1/16-финалето му го донесe турскиот на турскиот Самсунспор.

Натпреварите ќе се играат на 19 и 26 февруари, а првиот Шкендија ќе го игра пред своите симпатизери во Скопје. Доколку тетовци ја минат и таа фаза, во осминафиналето (12 и 19 март), би играле со подобриот од двомечот Рајо Ваљекано – Шахтјор.

Следете нé на социјалните мрежи