Денешната ждрепка во Нион, седиштето на УЕФА, може да се оцени како нереална. Имено во само два часа беа извржени ждрепките за последната, плеј-оф, квалификациска рунда за Лигата на шампионите и Лига Европа.
Единствениот македонски преостанат претставник на евро-сцената, тетовска Шкендија има потенцијални исти два тима во плеј-офот на овие натпреварувања.
Откако го доби бугарскиот Лудоигорец и унгарскиот Ференцварош за можни противници во Лигата на шампоните, тоа под услов да го мине Карабах во третото коло.
Шкеднија сигуирно ќе игра протѕв една од овие две екипи во плеј-офот на Европската лига.
Токму истите две екипи Лудогорец и Ференцварош и се паднаа на Шкендија како можен противник во последната рунда пред групната (лигашка) фаза.
За разлика од Лигата на шампионите, каде тетовци прво би играле на гости па дома, во Лигата на Европа првиот меч ќе се игра во Скопје на 21 август, а реваншот на гости на 28 август.

