Правиме кратка пауза од клупскиот фудбал и целиот фокус го насочуваме кон репрезентативниот циклус во Лигата на нациите, како и тениското првенство во Франција заедно со кошаркарските возбудувања на Стариот континент.

Како и секогаш, предлог-тикетот го играме во Златна Копачка каде може да се најдат најдобрите коеифициенти, како и огромен избор на игри кои ни овозможуваат да комбинираме нашата визија за добивка.

РЕАЛ МАДРИД – БАСКОНИЈА: 1-1

Првата средба од полуфиналната серија во АЦБ лигата треба да припадне на актуелниот шампион, односно да се оправда фаворитската улога, особено откако сезонава Кралевите ги добија последните три меѓусебни дуели со Басконија.

ПОЛ Т. – АЛКАРАС К.: 2-2

Американскиот тенисер не би требало да му направи многу проблеми на бранителот на титулата на Ролан Гарос, кој е на пат да обезбеди ново полуфинале каде би се сретнал со подобриот од дуелот Мусети – Тиафо.

ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА: 3+ гола

Германците веќе четврт век не знаат за пораз од Португалија, радувајќи се на победа во последните пет меѓусебни средби на светските и европските првенства. Овојпат се игра за пласман во финалето во Лигата на нациите, а ние се надеваме дека барем трипати ќе се тресат мрежите на „Алијанц“ арената во Минхен.

ЗВЕРЕВ А. – ЃОКОВИЌ Н.: Вкупно гема +40.5

Ѓоковиќ во Мелбурн ја разочара публиката кога се откажа во полуфиналето против Зверев поради повреда, но затоа Ролан Гарос ни овозможи нова шанса да гледаме епска битка, а од Саша и Новак очекуваме да играат пет сета и да има многу драма.

ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА: Гол-гол

Речиси една година по Европското првенство, фудбалските великани повторно се среќаваат во полуфинале на големо натпреварување, а ако нешто научивме од нивните минати средби, тоа е дека нема да недостасуваат голови.

БУДУЌНОСТ – ПАРТИЗАН: Победа гостин

Црногорскиот шампион ја доби предноста на домашен терен откако ја елиминира Црвена Звезда во полуфиналето и одреди дека ќе има нов првак во АБА-лигата. Сепак, квалитетот и искуството се на страната на Црно-белите од кои очекуваме да триумфираат во Подгорица на отворањето на финалната серија.

До денес до 19 часот можете да ја искористите шифрата за брза уплата и да го одиграте нашиот предлог-тикет доколку сметате дека има реална шанса да биде добитен. Ние редовно вложуваме 200 денари, на вас останува со колкава сума ќе го уплатите.

ШИФРА: W06031092510