Ливерпул дојде до триумф против Реал Мадрид од 2:0. Со тоа „црвените” во Лигата на Шампиони се перфектни и имаат пет победи на исто толку одиграни натпревари.
Првото полувреме се одвиваше со бавен тек, во кој Ливерпул сепак доминираше, но не дојде до гол шанса. Вториот дел донесе поголеми возбудувања два постигнати гола и два промашени пенали.
Во 52-та минута Мекалистер постигна гол за 1:0. Веќе во 61-та минута Мбапе имаше шанса да израмни, но не реализира пенал. На спротивната страна на Французинот ми се реваншира Салах кој во 70.минута промаши од белата точка. Сепак, победата на Ливерпул ја „запечати” Коди Гакпо во 77-та минута, за конечни 2-0.
На табелата со максимални 15 бода Ливерпул е на прво место. Реал Мадрид се наоѓа на 24-тата позиција со само 6 освоени бода на 5 натпревари.