Со седумте одиграни натпревари вечерва комплетирано е 5.коло во фудбалската Лига на шампиони.

Во Загреб кај Динамо на македонските интернационалци Ристовски и Адеми ќе пречека Борусија Дортмунд. „Милионерите“ славеа победа со 0-3. Со голот беше Англичанецот, Гитенс во 41-вата минута германскиот тим поведе со 1-0. Во вториот дел (56), Алжирецот, Бенсебаини се запиша во листата на стрелците. Конечниот резултат го постави репрезентативецот на Гвинеја, Гуираси во 90-тата минута.
Адеми не беше во тимот на популарните „модри“, а Ристовски го одигра целиот натпревар.

Најмногу голови вечерва беа постигнати во Монте Карло и Ајндховен. Монако два пати водеше во дуелот со Бенфика, но на крајот загуби со 2-3. На ист начин и Шахтјор загуби кај ПСВ. Украинскиот тим водеше со 0-2, а со три гола во последните минути и судиското дополнение на крајот загуби.

Во Италија каде Болоња го пречека францускиот Лил славеа гостите со 1-2

Без победник, но и без постигнат гол заврши дуелот Астон Вила – Јувентус иако домаќините постигнаа еден во судиското дополнение сепак беше поништен поради прекршок. По еден постигнаа фудбалерите на Селтик и Клуб Бриж во нивното „реми“.

Во дербито на денот одиграно на „Енфилд“, каде Ливерпул го пречека актуелниот шампион Реал Мадрид, победа остварија домаќините.

Токму Ливерпул е лидер на табелата со максимални 15 бодови, пред Интер кој имаат 13, а по Барселона и Борусија досега собраа по 12 бодови.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5.КОЛО

ЛИВЕРПУЛ – РЕАЛ МАДРИД 2-0
ДИНАМО ЗАГРЕБ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 0-3
АСТОН ВИЛА – ЈУВЕНТУС 0-0
БОЛОЊА – ЛИЛ 1-2
СЕЛТИК – КЛУБ БРИЖ 1-1
МОНАКО – БЕНФИКА 2-3
ПСВ – ШАХТЈОР 3-2
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ШТУТГАРТ 5-1
ШТУРМ ГРАЦ – ЏИРОНА 1-0