Во НБА лигата ноќеска беа одиграни 10 натпревари, а на само три од нив победи остварија гостинските екипи.
Големо изненадување приреди Чикаго кој го совлада Милвоки на гостински терен со 133-122. Бадијала останаа 38-те поени на Јанис Антатокумпо за домашниот тим, кога Гркот немаше поддршка од останатите. На спротивната страна Зек Лавин реализира 25 поени, а Никола Вучевиќ имаше дабл-дабл со 22 поени и 10 скока.
Лос Анџелес Лејкерс со голем пресврт стигна до втората победа и тоа против Феникс со 123:116.
Првиот дел од натпреварот Санс го добија со 15 поени разлика (38:23), на почетокот на вториот предноста порасна на огромни 22 поени. Сепак Лејкерси до полувремето намалија на минус девет. Третата четвртина беше изедначена, а во четвртата „Езерџиите“ целосно доминираа и заслужено славеа.
Ентони Дејвис повторно беше најрасположен со 35 поени и осум скока, Остин Ривс постигна 26 , а Леброн Џејмс 21 поен.
Кевин Дурент постигна 30 поени за Санс и се искачи на 16-тото место на листата на најдобри стрелци во историјата на лигата, претекнувајќи го Доминик Вилкинс. Следниот што може да го престигне е Кармело Ентони кој има 50 поени повеќе од Дурент.
Резултати на останатите натпревари:
Орландо – Бруклин 116:101
Торонто – Филаделфија 115:107
Атланта – Шарлот 125:120
Кливленд – Детроит 113:101
Њујорк – Индијана 122:98
Хјустон – Мемфис 128:108
Јута – Голден Стејт 86:127
Портланд – Њу Орлеанс 103:105