Екипата на Интер Мајами ја оствари првата победа во разигрувањето во американската МЛС лига.
Екипата од Флорида го совлада тимот на Атланта Јунајтед со 2-1 во првиот дуел од осминафиналето на плејофот. До победата и овојпат Интер Мајами го предводеше поранешното трио на Барселона, Меси-Суарез-Алба.
На самиот почеток на натпреварот (2.минута) по акцијата на Алба и додавањето на Големз, Луис Суарез го отвори резултатот.
Гостите израмнија преку Грузиецот, Саба Лобјанидзе во 39-тата минута.
Лионел Меси не се запиша во листата на стрелците иако во два наврати ја погоди стативата, но Аргентинецот, асистираше за евроголот на Алба во 60.минута, за победа на Интер со 2-1.
Осминафиналната рунда се игра во два добиени натпревари. Реванш во Атланта е закажан за 3 ноември, а доколку е потребно „мајсторката“ би се играла во Мајами на 9 ноември.