На фудбалскиот олимписки турнир во машка конкуренција денеска се играат натпреварите од второто коло. Континенталните шампиони Шпанија и Аргентина забележаа победи.

Шпанците до својот втор триумф стигнаа во дуелот со Доминиканската република која ја совладаа со 3-1. Со оваа победа тие се го обезбедија својот пласман меѓу двете прво пласирани во Ц групата, а со тоа и место во разигрувањето.

Во конкуренцијата Б, фудбалерите на Аргентина не си дозволија нов кикс. Откако во 1.коло загубија од Мароко, сега „Гаучосите“ славеа со 3-1 над Ирак. Во оваа конкуренција попладнево ќе играат Мароко и Украина селекција која исто така во првото коло беше поразена.

ОИ ФУДБАЛ – МАЖИ 2.коло
Аргентина – Ирак 3:1 (Б група)
Доминиканска Република – Шпанија 1:3 (Ц група)
17:00 Украина – Мароко (Б група)
17:00 Узбекистан – Египет (Ц група)
19:00 Израел – Парагвај (Д група)
19:00 Нов Зеланд – САД (А група)
21:00 Франција – Гвинеја (А група)
21:00 Јапонија – Малиот (Д група)

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА