Екипата на Мајами е пред пласман во финалето на Источната конференција. Ова откако „жешките“ го совладаа Њујорк со 109:101 во четвртиот натпревар од полуфиналната серија во која сега водат со 3-1 во победи.
Џими Батлер со даблд-дабл учиnок со 27 поени и 10 асистенции, заедно со Бам Адебајо кој реализира 23 поени на кои додаде 13 скокови, беа најзаслужни за оваа победа на Мајами .
Во редовите на Њујорк се истакна Џејлен Брансон коиј исто така имаше дабл-дабл со 32 поени и 11 асистенции.
Првата можност за пласман во финалето на истокот, Мајами ќе ја има во среда наутро и тоа во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.