Првото големо ракометно дерби во машката Супер лига ги оправда сите очекувања. Дуелот од воведното коло одигран во СЦ „Билјанини извори“ меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер понуди врвен ракомет, голема борбеност, искри на теренот и одлична атмосфера. На крајот, најреално натпреварот заврши без победник 28-28 и тоа благодарени на голот на Петар Атанасијевиќ во последната секунда.
Гостите од Битола подобро го започнаа натпреварот и постојано имаа предноста. Најголемата во првиот дел изнесуваше два гола во 16.минута кога пелситерци водеа со 6-8. Тука подзастанаа избраниците на Лино Червар, па домашниот состав го искористи тоа и направи пресврт. Охриѓани за првпат поведоа во 21.минута со 11-10. Сепак предноста на домаќините не траеше, па на полувреме гостите од Битола беа оние кои заминаа со гол позитива 13-14.
И во второто полувреме се играше безмалку гол-за-гол. На стартот зелено-белите поведоа со +2 (13-15), во 37.минута сините од Охрид ја презедоа предноста и тие за прв пат имаа два позитива (18-16). Предноста домашниот тим ја одржуваше се до 26.минута кога Петар Атанасијевиќ, донесе водство на гостите со 25-26.
Во последните помалку од 3 минути се влезе со израмнет резултат 27-27, а така беше се до завршните секунди. Прво на 25.секинди пред крајот, Унгарецот, Доминик Мате погоди за 28-27 на Охрид. Во последниот напад на секунда пред крајот израмни Петар Атанасијевиќ со својот 8 гол.
Прв стрелец на натпреварот беше Мете со 11 голови за Охрид, а капитенот на пелистерци Филип Кузмановски завршпи со еден помалку (10).
Во следното коло Охрид го пречекува соседот Струга, а Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Мунти Есенс.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|































