Новата сезона во ракометна Супер лига стартуваше вчера со победата на Вардар во дуелот со вториот тим на Еурофарм Пелистер. Денеска во премиерното коло на програмата се нови три натпревари.
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје точно на пладне (12 часот). Во него екипата на Бутел предводена од новиот тренер Стојанче Стоилов, за противник ќе го има составот на Младост од Богданци.
Во попладневниот термин (18.30 часот) ќе се играат два натпревари. Во Прилеп кај истоимената домашна екипа гостува Куманово. Во Автокоманда ќе се игра братското „дерби“, во кое апсолутната улога на фаворит ка имаат ракометарите на Алкалоид кои ќе играат со помладиот тим на Мулти Есенс.
Последните два натпревари од 1.коло ќе играат утре, а дербито е во Охрид каде ќе гостува вицешампионот Еурофарм Пелистер.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|

































