Откако вчера заврши Светското фудбалско првенство, по кое Шпанија ги обедини титулите, денеска ФИФА го објави најновото рангирање.
Нормално, новиот Светски шампион е на првото место, кое го презеде од доскорешниот Аргентина. По нив следуваат полуфиналистите, Франција и Англија, но затоа сега Бразил е петти, а Мароко шести. Тоа на сметка на Португалија која падна за две позиции и сега е седма.
Белгија и Холандија ги сменија позициите 8 и 9, а во ТОП-10 влезе Мексико кој напредуваше четири места. Затоа пак Германија која имаше лош мундијалски турнир падна за два места и е 12-та зад Колумбија.
Што се однесува до македонската фудбалска репрезентација, таа останува на 69-тото место.































