Пораз за македонскиот шампион Еурофарм Пелистер на гостувањето во Лисабон кај Спортинг со 30:24 (14:13).

Битолчани имаа сили и отпор само за 40-тина минути кога резултатот и последен пат беше нерешен. 

Дуелот почна со водство од 3:0 за Спортинг, а таа предност ја имаа и 5:2 и 6:3, но македонскиот првак со со серија од 4-1 успеа да стигне до првото изедначување 7:7. До крајот на првиот португалскиот првак повторно стигна до +3 (11:8), а на полувреме беше 14:13 за домашната екипа.

Во вториот дел битолчани стигнаа и до ново изедначување 14:14, а по 17:17 (петто изедначување) домашниот тим имаше целосна контрола над играта и резултатот. Во тие моменти португалскиот тим ги казнуваше сите грешки на македонскиот првак и во финишот на дуелот со серија од 7-2 стигнаа и до највисоките +8 (29:21).

Салвадор од Спортинг со 8 голови беше најефикасен на дуелот, додека Филип Кузмановски постигна 6 голови. Домашниот голман Андре Кристенсен имаше 13 одбрани.

Со овој пораз Е.Пелистер во последните три кола (два на домашен терен) ќе се бори за пласман во нок аут фазата. Спортинг со вечерашната победа се проби на второто место на табелата, додека Е.Пелистер падна за едно место и е на седмата позиција.

На другите натпревари од групата 1: Динамо Букурешт – Веспрем 26:33, Берлин – Фредериција 36:29 и ПСЖ – Висла 28:31.

Табела: Веспрем 20 бодови, Спортинг 15, Берлин 14, ПСЖ 14, Динамо Букурешт 10, Висла 6, Еурофарм Пелистер 6, Фредериција 3.