Фудбалерите на Барселона се вториот финалисти во Купот на Шпанија. Барселона во дуелот за трофејот ќе ја гледаме во големото „Ел Класико“ со Реал.
Откако првиот полуфинален дуел одигран во Барселона беше полн со голови (4-4), реваншот го репи само еден.
Барселона поведе во 27.минута по одличната асистенција на Јамал и реализацијата на Феран Торес.
Во 69.минута Норвежанецот, Серлот ја затресе мрежата на Барса, но голот беше поништен поради офсајд. До крајот резултатот остана не променет, па Барса се радуваше на финалето, прво по четири години.
А, во него Барселона за трофејот на „кралот“ ќе се бори со најголемиот ривал Реал Мадрид. „Кралскиот“ тим вчера по голема борба и продолженија го мина Сосиедад.