Професионалните договори на Викторија Панчурова и Теодора Димоска се нова страница во Македонскиот женски фудбал. Имено ЖФК Тиверија е првиот тим кој во своите редови ќе има домашни фудбалерки со Професионален статус.
ЖФК Тиверија повеќе години сериозно вложува во подобрување на условите за женскиот фудбал, а овој чекор е навистина голем исчекор кон подобрување на очајната ситуација во која се наоѓа домашниот женски фудбал.
Во објавата на нивната страна стои дека тимот ќе продолжи да се бори за правата на жените и девојките во спортот и дека клуоб ќе продолжи да инвестира во развој на женскиот фудбал.