Феран Торес и Стефан Савиќ се казнети поради тепачката на натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона кој гостите го добија минимално со 1-0, а се одигра во рамките на 16. коло од Ла Лига.
Во судиското дополнение на средбата односно 92-та минута, судијата Хозе Мунуеро Монтеро ги исклучи од теренот и Торес и Савиќ, откако нивниот дуел прерасна во тепачка.
Феран го фати противникот за коса, а Савиќ за врат го фати играчот на Барса.
Поради тепачката двајцата играчи добија суспензија од два натпревари.