Со петте натпревари денеска стартуваше новото издание на фудбалската Лига на шампиони.

Дербито на премиерното коло се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Таму Реал го пречека Интер, а домаќините славеа победа со 2-1.

Иако италијанскиот првак на почетокот се закани во неколку наврати, а Куртоа не дозволи Интер да поведе. Затоа пак на спротивната страна Реал, за само девет минути два пати ја затресе мрежата на Интер, казнувајќи ги грешките на гостинските фудбалери. Во 14.минута Брахим Дијаз одлично му асистираше на Килијан Мбапе за 1-0, а веќе во 23.минута Валверде зголеми на 2-0, по поклонот од гостинскиот голман Мартинез.

Гостите од Милано во вториот дел имаа 3-4 одлични шанси за гол, но секогаш Тибо Куртоа излегуваше како победник. Така беше се до 75.минута кога по одличната асистенција на Лаутаро Мартинез, не бранет од никој Карлос Аугусто намали на 2:1.

На стадионот „Драгао“ во Порто кај истоимениот домашен тим гостуваше Манчестер Сити. Англискиот тим беше подобар и поконкретен противник, па затоа стигна до победа со 0-2. Популарните „граѓани“ од Манчестер, големиот отпор на домаќините го скршија во вториот дел. Стрелец на двата гола беше Ерлинг Халанд во 47-мата и 90-тата миимута.

РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО – ВТОРНИК

Реал Мадрид – Интер 2-1
Порто – Манчестер Сити 0-2
Борусија Дортмунд – Виљареал 3-2
Лил – Бетис 2-3
АЕК – ЛАСК 1-0
Клуб Бриж – Астон Вила 2-3

Следете нé на социјалните мрежи