Домаќинот на ЕУРО 2024, Германија, веројатно ја имаше најповолната ждрепка во групната фаза и е фаворит за освојување на првото место во групата. Противници на Германците во „А“ групата, ќе бидат, Унгарија, Швајцарија и Шкотска.

Селекторот Јулијан Нагелсман со млади сили, но и искусните Тони Крос и Илкај Гундоган ќе се обиде да стигне до шампионскиот трофеј.

Германија е трикратен европски првак, четирикратен светски првак, но не се памети од седумдесеттите кога влезе во едно големо натпреварување со помали шанси да го освои. Иако по 1988 година по вторпат е домаќин на континенталниот шампионат, Германците не се во ТОП фаворитите.

Две фијаска на последните две големи натпреварувања, елиминација во осминафиналето на ЕУРО 2020, и елиминација во групната фаза на СП во Катар, се причината за тоа.

Сепак, две мартовски победи над Франција (2:0) и Холандија (2:1), но квалитетот во играта, покажа дека на „панцирните“ мора сериозно да се смета.

СОСТАВ НА ГЕРМАНИЈА:

ГОЛМАНИ: Бернд Лено (Арсенал), Мануел Нојер (Баерн), Кевин Трап (Ајнтрахт Франкфурт);

ОДБРАНА: Матијас Гунтер (Борусија Менхенгладбах), Робин Госенс ​​(Аталанта), Кристијан Гунтер (Фрајбург), Марсел Халстенберг (Лајпциг), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Лукас Клостерман (Лајпциг), Робин Кох (Лидс), Антонио Ридигер (Челзи) , Никлас Зиле (Баерн);

СРЕДИНА: Емре Џан (Борусија Дортмунд), Леон Горецка (Баерн), Илкај Гундоган (Манчестер Сити), Јонас Хофман (Борусија Менхенгладбах), Јосуа Кимих (Баерн), Тони Крос (Реал Мадрид), Флоријан Нојхаус (Борусија Менхенгладбах);

НАПАД: Серж Гнабри (Баерн), Каи Хаверц (Челзи), Томас Милер (Баерн), Џамал ​​Мусиала (Баерн), Лерој Сане (Баерн), Кевин Фоланд (Монако), Тимо Вернер (Челзи).

Распоред на натпревари на Германија

  1. коло – 14 јуни
    Германија – Шкотска 21.00 часот (Минхен)
  2. коло – 19 јуни
    Германија – Унгарија 18.00 (Штутгарт)
  3. коло – 23 јуни
    Германија – Швајцарија 21.00 (Франкфурт)

Најголеми успеси на Германија

Светско првенство
Настапи 20 ( прво учество во 1934 година )
Најдобар резултат Шампиони ( 1954 , 1974 , 1990 , 2014 )
Европско првенство
Настапи 13 ( прво во 1972 година )
Најдобар резултат Шампиони ( 1972 , 1980 , 1996 )
Летни олимписки игри
Настапи 13 ( прво во 1912 г. )
Најдобар резултат Злато Златен медал ( 1976 )
Куп на конфедерации на ФИФА
Настапи 3 ( прво во 1999 година )
Најдобар резултат Шампиони ( 2017 )

Шанси за освојување на трофејот

Според „букмејкерите“ (Bet 365) Германците се трети фаворити за освојување на трофејот.