Каталонскиот тим ја продолжи одличната серија победи и вечерва на гостински терен го совлада Бетис со 1-2.

Роберт Левандовски по пауза од два натпревари поради суспензија се врати во почетниот тим на Чави, и веднаш продолжи таму каде што застана, да ги тресе противничките мрежи.

Избраниците на Чави ја имаа иницијативата на натпреварот уште од самиот почеток, но  Бетис успешно одолеваше на нападите се до 66-тата минута, кога Рафиња по одличната асистенција на Балде, мирно реализираше од непосредна близина на противничкиот гол.

Повратникот на терените, Роберт Левандовски, кој одлежа суспензија од три натпревари во Примера, во 81-та минута ја зголеми предноста на Барселона на 0-2.

Кунде со автогол во 85-тата минута ги врати надежите на Бетис, но домаќините немаа сили целосно да се вратат во натпреварот, па на крајот Барселона запиша три бода.

Со оваа победа Барселона ја продолжи победничката серија, па по 19 одиграни кола има 50 бода и е лидер на табелата.