ФУДБАЛ | ЛИГА НА НАЦИИ (ждрепка)

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде дел од третата квалитативна „Ц“ конкуренција во новото издание на Лигата на нациите. Ждрепката Македонија ќе ја чека од третиот сад во кој се Словачка, Северна Ирска, Кипар против кои црвено-жолтите сигурно нема да играат.

Лига на нации „Ц“ конкуренција – садови пред ждрепка

Прв сад: РОМАНИЈА, ШВЕДСКА, ЕРМЕНИЈА, ЛУКСЕМБУРГ
Втор сад: АЗЕРБЕЈЏАН, КОСОВО, БУГАРИЈА, ФАРСКИ ОСТРОВИ
Трет сад: МАКЕДОНИЈА, СЛОВАЧКА, СЕВЕРНА ИРСКА, КИПАР
Четврт сад: БЕЛОРУСИЈА, ЕСТОНИЈА, ЛЕТОНИЈА, Литванија/Гибралтар,

Според утврдениот календар, првите натпревари ќе се играат на 5 и 8 септември следната година. Месец дена подоцна на 10 и 13 октомври ќе следуваат нови две кола, а групната фаза ќе заврши со два натпревари на 14 и 17 ноември.

Од секоја група двете првопласирани селекции ќе продолжат во четвртфиналната рунда со ривали од истата „Ц“ конкуренција.

The event is finished.

Дата

08 Фев 2024
Завршено

Време

18:00 - 20:00
Категории