Бранителот на трофејот во шпанскиот Куп, екипата на Барселона е пред елиминација во полуфиналето. Барса на гостувањето во Мадрид кај Атлетико загуби убедливо со 4-0.

Домаќините поведоа уште во шестата минута. Голманот на Барса, Жоан Гарсија направи лоша проценка, а вратената топка кон него, заврши во мрежата.

Не мина долго време за Атлетико да ја удвои предноста. Се играше 14.мнинута кога по додавањето на Молина, на вистинско место беше Антоан Гризман за водство од 2-0.

И тука домаќинот не застана, па Адемола Лукман во 33.минута зголеми на 3-0. И тука не беше крајот на маките на Барса. Во втората минута од судиското дополнение (45+2), Хилиан Алварез зголеми на 4-0.

Гостинскиот тренер Ханси Флик имаше што да каже во соблекувалната на паузата. Барселона трга силовито, а Кубарси успеа да ја затресе мрежата на Атлетико. Сепак, по долгото прегледување на ВАР снимката, голот беше поништен поради офсајд.

Во продолжението силно темпо, тензии и бројни остри стартови, па Барса заврши со десетмина откако Ерик Гарсија заработи директен црвен картон. Резултатот пак остана не променет, па Атлетико ќе има голема предност од четири гола во возвратниот меч.

Реванш натпреварот ќе се игра се игра на 3 март на „Камп Ноу“. Ден подоцна (4 март) својот реванш дуел ќе го играат Сосиедад и Атлетик Билбао, дуе кој домаќините ќе го почнат со предност од 1-0.

Следете нé на социјалните мрежи