Возбудлива завршница на 14.коло од Премиер лигата ни приредија Манчестер Сити и Тотенхем, кои во меѓусебниот дерби-дуел на „Етихад“ одиграа 3:3.
Хуенг-Мин Сон уште во 6-тата минута и донесе рано водство од 1:0 на својата екипа. Но, само 3 минути подоцна (9-тата минута) Сон несреќно погоди ѝ во својата мрежа за 1:1.
Во 31-та минута Сити поведе со 2:1, а стрелец на голот беше Фил Фоден на асистенција на Хулијан Алварез.
Иницијативата на Манчестер Сити продолжи ѝ во второто полувреме, но сепак Тотенхем успеа да изедначи на 2:2. За гостите биеше Ло Селсо во 69-та минута по прекрасната асистенција на Сон.
Домаќините дојдоа до предност од 3:2 во 81-та минута по голот на Џек Грилиш.
На самиот крај, Дејан Кулушевски успеа да му донесе бод на Тотенхем. Тој во 90-тата минута стрелаше кон голот на Едерсон и прецизно погоди со што ги постави конечните 3:3.
Манчестер Сити останува на третата позиција на табелата со 30 освоени бодови, додека Тотенхем со 27 бодови се наоѓа на шестото место.