Росонерите покажаа квалитет и со добро прво полувреме го совладаа Лацио со 2:0.

Најдобриот напаѓач на Милан, Оливие Жиру во 17. та минута беше во улога на асистент, па со прецизно додавање го пронајде Исмаил Бенасер кој со прецизен удар ја затресе противничката мрежа.

Само 12 минути подоцна Тео Ернандес со прекрасен удар повторно ја затресе мрежата на Лацио и донесе сигурни 2:0.

Избраниците на Пиоли имаа целосна контрола врз натпреварот па речиси и да не му дозволија на противникот посериозно да се закани кон на Манњан.

Со оваа победа Милан дојде до 4. позиција  во пресрет на другите натпревари додека Лацио го загрози второто место, па доколку Јувентус победи во натпреварот против Аталанта, ќе го потисне тимот на Маурицио Сари на третата позиција.