Интересен натпревар на „Енфилд“, со пет постигнати гола, одиграа поранешните „лути“ ривали, Ливерпул и Нотингем Форест, во кој „црвените“ потешко од очекуваното извојуваа важна победа со 3:2.
Ова беше натпревар со две дијаметрално различни полувремиња.
Првото полувреме беше не интересно, со целосна контрола на топката од страна на избраниците на Јурген Клоп, но без некоја посериозна прилика за погодок. За разлика од првото, второто полувреме донесе многу голови и возбудувања на двете страни.
Првиот погодок на натпреварот го постигна Диого Жота во 47-та минута, но по само 4 минути (51-та минута) гостите го изедначија резултатот на 1:1 со голот на поранешниот играч на Ливерпул, Нико Вилијамс.
Одличниот денеска, Диого Жота, со прекрасен погодок во мрежата на Кејлор Навас, ги доведе „црвените“ повторно во водство (во 55-та минута).
Но, радоста на Ливерпул ја прекина Гибс Вајт во 67-та минута, кој го постигна вториот гол за Нотингтем вечерва и го израмни резултатот (2:2). Победата на „Енфилд“ ја донесе Мохамед Салах по одличното додавање на Трент Александер Арнолд во 70-та минута.
Со оваа победа Ливерпул со 50 бодови, 6 помалку од 4-то пласираниот Њукасл, останува во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Марио Петровски