Бранителот на трофејот во Фудбалска лига на шампиони, Париз Сен Жермен, на убедлив начин ја стартуваше новата сезона во елитното натпреварување.

Во премиерниот натпревар и тоа поред своите навивачи популарните „светци“ ја совладаа екипата на Слован Братислава со 6-1.

Во фокусот на вниманието беа Усман Дембеле и новото засилување Феран Торес кој летово дојде од Барселона.

Уште во првиот дел, односно половине час, парижаните направија голема предност од три гола.

Најзаслужен за тоа беше Усман Дембеле, најдобриот светски фудбалер за минатата година. Тој својата класа ја потврди со двата гола во 17-тата и 23-тата минута.

Дембеле впиша и асистенција при постигнувањето на третиот гол за ПСЖ. Стрелец на голот во 31.минута беше Феран Торес.

Шпанецот не застана тика бидејќи во вториот дел постигна уште два гола. Во 47.минута повторно се запиша во листата на стрелци зголемувајќи на 4-0, а во 57,минута го заокружи хет-трикот и повторно по асистенција на Дембеле.

Гостите од Братислава намалија преку Камара, а конечните 6-1 за ПСЖ ги постави Фабијан Руиз.

Во следните две кола, закажани за 14 и 22 октомври, европскиот првак ПСЖ ќе ги има првите вистински предизвици.

Парижаните прво ќе гостуваат во Англија кај тимот на Манчестер Сити, а потоа на свој терен ќе го пречекаат шпанскиот шампион Барселона.

Сите голови од денешните натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ОВДЕ 👇👇👇