Втор ден натпревари од премиерното коло во групната фаза на фудбалска Лига на шампиони.
Вчерашниот старт беше исклучително ефикасен, а на шесте натпревари беа постигнати дури 21 гол. Ако се водиме по народната „денот по утрото се познава“, тогаш и денеска може да очекуваме многу голови на шесте дуели.
Програмата ќе биде отворена во натпреварите во Барселона и Штутгарт каде кај истоимените екипи гостуваат Феенорд и Викинг.
Дербито на денот ќе се игра на „Енфилд“ каде Ливерпул ќе го пречека Атлетико Мадрид. Интересно се очекува да боде и на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол каде Наполи за противник ќе го има англискиот првак Арсенал.
Актуелниот европски шампион Париз Сен Жермен одбраната на титулата ќе ја почне пред својата публика во дуелот со Слован Братислава. Последниот пар да денеска (вечерва 21 часот) го сочинуваат Спортинг Лисабон и Галатасарај, уште една пресметка која привлекува внимание.
ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО
среда
18:45 Барселона – Феенорд
18:45 Штутгарт – Викинг
21:00 Ливерпул – Атлетико Мадрид
21:00 Наполи – Арсенал
21:00 ПСЖ – Слован Братислава
21:00 Спортинг – Галатасарај
Ако пропуштивте, сите голови од вчерашните натпревари може да ги гледате повторно овде 👇👇.



































