Во фудбалскиот Куп на Македонија попладнево ќе се играат нови седум натпревари. Тоа се дуели од првата елиминациска рунда која веќе ја минаа пет екипи.

Пласман во осминафиналето обезбедија: Вардар, Струга ТЛ, Пелистер, Македонија ЃП и Брера Струмица. Меѓу 16-те е и бранителот на трофејот Силекс, кој беше слободен во оваа елиминациска рунда.

Од прволигашките екипи, денеска настапи имаат четири тима и тоа како гости. Инаку комплетниот список на осминафиналисти ќе биде познат дури на 14 октомври, за кога е закажан последниот натпревар од 1/16-финалето.

📅 1/16 Финале
📅 1/8 Финале
📅 Четвртфинале
📅 Полуфинале
📅 Финале