Со двата натпревари што ќе се играат попладнево ќе биде комплетирано 6.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Првиот на програмата е од 16 часот, а тоа е дербито меѓу Струга Трим Лум и Силекс.

Тоа е дуел на трето и петто пласираните екипи на табелата, оние од четворката што ќе се бори за шампионскиот трофеј. За гостите од Кратово ова е трет дуел, во низа, против ривалите за највисок пласман. Во овој меч избраниците на Александар Васоски влегуваат со два врзани порази од Вардар и тетовска Шкендија. За да го одржат чекорот со конкурентите фудбалерите на Силекс ќе мора да стигнат до трите бода. Стружани пак со една победа повеќе и пораз помалку, заостануваат пет бодови зад лидерот Шкендија, па со полн „плен“ разликата ќе биде намалена на два бода.

Во големо бодовно заостанување е актуелниот шампион Вардар кој е дури шести на табелата. Вардарци веќе претрпеа два порази, па нов „кикс“ би бил катастрофален за скопските црвено-црни. Тие денеска од клупата ќе бидат предводени од новиот тренер црногорскиот стратег Миодраг Божовиќ ,,Гроф”, во дуелот против екипата на Аресими. Овој натпревар ќе се игра на теренот крај ФФМ, а ќе почне од 19 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање