Новото издание на групната фаза во фудбалската Лига на шампиони започнува денеска.
Ова ќе биде вкупно 72-ро издание во елитното натпреварување, а трето со новиот формат што го воведе УЕФА.
36 екипи се сместени во една лига и ќе играат по осум натпревари (четири дома и на гости) против осум различни противници. Распоредот е одреден со ждрепка врз основа на четири ранг-листи. Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директно место во осминафиналето. Клубовите од 9 до 24.место ќе играат плејоф за да ги пополнат преостанатите осум места во нокаут фазата.
За тимовите рангирани од 25-то до 36-то место, европската одисеја завршува во јануари.
ПСЖ брка „хет-трик“
Пари Сен Жермен, предводен од тренерот Луис Енрике, влегува во сезоната како двократен шампион и тоа во низа, па затоа „светците“ се главни фаворит. Целта на францускиот тим е да стигне до „хет-три“ Реал Мадрид во периодот 2016-2018, кога три пати го освојуваше трофејот.
Конкуренти за титулата
Главен предизвикувач ќе биде Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ предводен од Жозе Мурињо ќе бара рецепт за освојување на рекордна 16-та европска титула.
Но, смее ли некој да даде помалку шанси да шпанскиот шампион Барселона или германскиот првак Баерн Минхен. Во потесна конкуренција се и шампионите на Англија, Арсенал и Италија, Интер.
Воведното коло, кое ќе се игра во три дена, носи неколку спектакуларни дербија.
Фокусот денеска ќе биде на дуелот на титаните на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде што Реал Мадрид ќе биде домаќин на Интер. Интересно ќе биде и во Порто каде ќе гостува Манчестер Сити.
Европскиот шампион ПСЖ одбраната на трофејот ја почнува утре против Слован Братислава, а за утре на „Енфилд“ закажан е и дуелот Ливерпул – Атлетико Мадрид. Ништо по неизвесно нема да биде и на стадионот „Диего Армандо Марадона“ Наполи ќе го пречека Арсенал.
Во четврток фокусот на вниманието ќе биде насочен кон Истанбул, каде Фенербахче ќе ја пречека Рома, но и „Олд Трафорд“ каде Манчестер Јунајтед по три години се враќа во Лигата на шампионите.
ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО
вторник
18:45 АЕК – ЛАСК
18:45 Клуб Бриж – Астон Вила
21:00 Борусија Дортмунд – Виљареал
21:00 Лил – Бетис
21:00 Порто – Манчестер Сити
21:00 Реал Мадрид – Интер
среда
18:45 Барселона – Феенорд
18:45 Штутгарт – Викинг
21:00 Ливерпул – Атлетико Мадрид
21:00 Наполи – Арсенал
21:00 ПСЖ – Слован Братислава
21:00 Спортинг – Галатасарај
четврток
18:45 Фенербахче – Рома
18:45 ПСВ – Шахтјор
21:00 Баерн – Бодо/Глимт
21:00 Комо – Лајпциг
21:00 Манчестер Јунајтед – Сабах Баку
21:00 Славија Прага – Ленс




































