Српскиот крилен ракометар Богдан Радивојевиќ и во наредната сезона ќе го носи зелено-белиот дрес на македонскиот шампионот Еурофарм Пелистер.

По одличната прва сезона и освоената шампионска титула, Еурофарм Пелистер и Радивојевиќ, потпишаа договор за продолжување на соработката.

Десното крило одлично се снајде во Битола по преминот од ПИК Сегед и веднаш ги освои срцата на навивачите. 31-годишниот Радивојевиќ ја продолжи соработката со нашиот клуб за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година.

Во својата богата кариера Радивојевиќ ги носеше дресовите на Партизан, Флензбург, Рајн Некар Левен и ПИК Сегед.