Најдобрата машка ракометар репрезентација на Македонија е во швајцарскиот град Винтертур, каде од денеска до сабота ќе настапува на турнирот „Жолт Куп“.

Таму избраниците на селекторот Лазаров ќе ја брусат формата за настапот на Европскиот шампионат.

Трите дуели, против Бахреин, Украина и домаќинот Швајцарија, редоследно, ќе бидат последните контроли за формата на нашите ракометари.

„Жолт Куп“ распоред на натпревари

четврток, 8 јануари
18:00 Швајцарија – Украина
20:30 МАКЕДОНИЈА – Бахреин во живо овде
петок, 9 јануари
17:45 МАКЕДОНИЈА – Украина
20:15 Швајцарија – Бахреин
Сабота, 10 јануари
15:30 Бахреин – Украина
18:00 МАКЕДОНИЈА – Швајцарија

Колку победи очекувате на Македонија на овој турнир во Швајцарија. Гласајте овде (линк)

Оттаму македонската репрезентација ќе замине за Хенрниг, Данска каде ќе игра во втората група. Во неа покрај Данците противници ќе бидат Португалците и Романците, редоследно.