Првото дерби од полуфиналето во „Копа Италија“ помеѓу Милан и Интер заврши без победник со резултат од 1:1.

Натпреварот одеше со целосен тек за Интер кој контролираше на секој начин. Прв до водство дојде Милан дури во второто полувреме. За 1:0 стрелаше Тами Абрахам во 47.минута и донесе радост за „Росонерите”.

Сепак Хакан Чалханоглу и пресуди на својата поранешна екипа со гол во 67.минута кој беше доволен за реми.

Вториот натпревар се игра на 23 април на кој домаќин формално ќе биде Интер. Другиот полуфинален дуел заврши со победа на Болоња од 3:0 против Емполи.