Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево ќе се игра еден натпревар.
На теренот крај ФФМ, екипата на Скопје ќе биде домаќин на Башкими. Ова е дуел на двете последно пласирани екипи на табелата, кои во изминатите пет кола не се израдуваа ниту еднаш.
Гостинскиот тим на Башкими нема освоено ниту еден бод, а Скопје освои три досега. Домаќините се надеваат дека токму денеска ќе стигнат и до првиот триумф. Составот на Муарем Муарем, кој на изминатите натпревари и немаше многу среќа, сега истата ќе треба да ја заработи со уште по борбена игра. Нема лесни противници во Првата лига, а тоа фудбалерите на Скопје добро го знаат, но решени се да стигнат до победа.
Кумановскиот состав игра очајно во одбраната, но и нападот, за што говорат 17-те примени голови и само едниот постигнат. И тие ако сакаат да освојат барем бод, ќе мора да одиграат многу подобро отколку на изминатите пет натпревари.
Дуелот Скопје – Башкими ќе почне од 16.30 часот.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|


































