Актуелниот шпански првак Барселона, остана единствената екипа во Ла Лига која има максимален ефект по четири одиграни натпревари.
Каталонскиот гигант на гостувањето на „Местаља“ кај Валенсија славеше победа со 5-0.
Иако Столе Димитриевски прими пет гола, сепак, македонскиот репрезентативен голман, ја спаси Валенсија од уште поубедлив пораз.
Во првиот дел, Столе беше немоќен да ја сочува својата мрежа во 6 и 22.минута по ударите на Јамин Јамал и Фермин Лопез. Но, неколкуте негови фантастични одбрани ја спасија немоќната Валенсија од дебакл.
Во ист ритам продолжи и второто полувреме, во кое Барса постигна уште еден гол.
Во 50.минута, по акцијата на Фирмин Лопез на вистинското место беше Рафиња, кој трет пат го принуди Димитриевски да ја вади топката од својата мрежа. Во листата на стрелци се запиша и Педри (79) за 4-0, а Јамал со вториот свој гол (84) ги постави конечните 5-0 за Барса.
За шпанскиот првак ова беше четвртата победа во исто толку одиграни натпревари. Валенсија пак го претрпе третиот пораз, и тоа во низа. Тимот од „Местаља“ со само еден освоен бод е на делба на последните три позиции на табелата.
































