Кошаркарките на Бадел ги дели само уште една победа од пласман во финалето.

Баделки го добија вториот полуфинален натпревар од плејофот против Струга со 51-44 и поведоа со 2:0 во серијата подобар до три.

По израмнетата прва четвртина која заврши 13-13 во втората домаќинките беа подобри и ја добија со 15-04 што се покажа како решавачки.

Иако во второто полувреме стружанки беа подобри, сепак тоа беше недоволно да се анулира негативата па Бадел на крајот се радуваше на победата.

Првата шанса за пласман во финалето, актуелните шампонки ќе ја имаат на теренот на противникот во Струга, за каде се предвидени следните два натпревари, разбирливо доколку е потребно да се одигра четвртиот.

Во иста ситуација е и екипата на Баскет Кам кога има предност од 2:0 во победи против МЗТ Скопје Аеродром.